Анкета на СИА ВИСТА: Граѓаните сметаат дека институциите немаат капацитет да спроведат објективен попис
Граѓаните сметаат дека државните институции немаат капацитет да спроведат фер и објективен попис. Тие сметаат дека не треба да се спроеведе пописот во време на пандемија и дека за негово спроведување е потребен политички консензус.
Ова го покажува анкетата на Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА, направена за сопствени потреби.
Анкетата е спроведена телефонски, во периодот од 11.01.2021 до 15.01.2021 година и е направена на 1.119 испитаници, при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици. Маргиналната грешка е плус, минус 1.5%.
Вкупно 59,2 отсто од граѓаните сметаат дека државните институции немаат капацитет да спроведат фер и објективен попис, 35,5 отсто од нив сметаат дека тие имаат капацитет, додека 3,7 отсто од граѓаните одбиле да одговорат. 1,6 отсто рекле дека не знаат.
На прашањето дали попис во време на ковид-пандемија го загрозува нивното здравје, 49,3 отсто од граѓаните одговориле потврдно, 34,4 отсто дека не го загрозува, а 15 отсто од нив немаат став по ова прашање.
56,2 отсто од граѓаните сметаат дека е потребен политички консензус за оддржување на пописот, 35,4 отсто сметаат дека нема потреба од ваков консензус.