ЈАНИС НЕMA ДА НАСТАПИ, ГРЦИЈА НЕ МУ ПЛАТИ ОСИГУРУВАЊЕ Од Милвоки му рекле на „грчкото чудо“ да тренира сам

Иако Јанис можеше да ѝ се приклучи на репрезентацијата уште од 1 август, 28 дена пред почетокот на Евробаскетот на 28 август согласно договорот меѓу НБА и ФИБА, клубот му забранил да тренира со репрезентацијата, па работи индивидуално.

456

Американскиот клуб Милвоки не му дозволил на Јанис Адетокумбо, „грчкото чудо“, да игра за репрезентацијата на Грција ова лето, јави Б92, повикувајќи се на „Eurohoops“.

Причината е неплатеното осигурување.






Иако Јанис можеше да ѝ се приклучи на репрезентацијата уште од 1 август, 28 дена пред почетокот на Евробаскетот на 28 август согласно договорот меѓу НБА и ФИБА, клубот му забранил да тренира со репрезентацијата, па работи индивидуално.

Одлуката на Милвоки бакс предизвика разочарување кај грчките навивачи кои сонуваа да го видат својот најголем кошаркарски ас во националниот дрес ова лето. Грчките медиуми ја оценија мерката како „тежок удар за репрезентацијата“.

Многумина беа загрижени што Јанис не играше против Никола Јокиќ и Србија на арената „Спирос Кипријану“ во Кипар, како и против Израел, а сега и против Црна Гора во Солун.

Поврзани содржини