АНИМА МУНДИ СЕ ОГРАДИ ОД АКТИВИСТИТЕ КОИ ‘РЖЕА НАД УБИЕЦОТ НА КУЧЕТО ФЕЛИКС Здружението повика граѓаните да не ја земаат правдата во свои раце

Анима мунди соопшти дека категорично се противи на каква било форма на насилство и никогаш нема да охрабри, поддржи или учествува во дејства кои го нарушуваат правниот поредок.

838

Во однос на последните информации, видеа и фотографии кои се појавуваат на социјалните мрежи и во некои медиуми, сакаме јасно да нагласиме дека нашето здружение се оградува од било какви вербални напади или инциденти кои се случиле по завршувањето на протестот по повод првото рочиште за случајот со Феликс, предизвикани од поединци кои учествуваа во истиот, соопшти Анима мунди.

„Нашето здружение го иницираше овој собир и повика на поддршка единствено со цел да се постигне една основна цел – правда за животните и строго казнување на насилството врз нив.






Во согласност со оваа цел, категорично се противиме на каква било форма на насилство и никогаш нема да охрабриме, поддржиме или учествуваме во дејства кои го нарушуваат правниот поредок. Бараме и се бориме за правна држава и правосуден систем, кои треба да обезбедат правда за сите. Затоа и бевме дел од протестот – за да се бараат правни мерки за санкционирање на сторителите.

Имаме целосно разбирање за емоциите и болката на сите оние кои го познаваа Феликс, како и на сите оние кои доживеале слични трагедии. Сепак, апелираме до сите активисти, здруженија и поединци на трезвеност и фокус и да не го земаат законот во свои раце. Наместо тоа, енергијата треба да се насочи кон превенција на ваквите случаи на мачење и убивање животни и обезбедување соодветни санкции за сторителите преку правниот систем“, се наведува во реакцијата на Анима мунди.

Оттаму очекуваат дека ќе биде изречена најстрога казна за сторителот, со што, како што велат, ќе се пратат јасни пораки дека секој кој го прекршува законот ќе биде казнет, а институциите ќе ја обезбедат правдата, без потреба од граѓаните да ја земаат во свои раце.

ТОЛПА ГРАЃАНСКИ АКТИВИСТИ ЗА МАЛКУ ЌЕ ГО ЛИНЧУВАА УБИЕЦОТ НА КУЧЕТО ФЕЛИКС Обвинетиот седи на улица, активистите ‘ржат над него

Поврзани содржини