АНИЦА ДОБРА ПЕЕШЕ ВО ФИЛМ ВО КОЈ ГЛУМЕШЕ СО БЈЕЛОГРЛИЌ Како настана песната „Свечени бели кошули“? (ВИДЕО)

Песната ја напишавме Влада Дивљан и јас и настана така што беше нарачана музика за филмот „Црниот Бомбардер“. Филмот зборуваше за настаните на почетокот на 90-те години во Белград, па тоа ја наметна и темата во текстовите за филмот. Јас лично мислам дека тоа заедно со „Однеси ме“ е најдоброто што јас и Дивљан сме го направиле заедно. А, мислам дека и публиката го мисли истото, изјавил Гиле од „Електричен Оргазам“.

524

Филмот „Црниот Бомбардер“ од режисерот Дарко Бајиќ е еден од најпознатите филмови кои настанале во текот на 90-те години на минатиот век во Југославија, пишува Точка. Во него глумеше убавата Аница Добра заедно со Драган Бјелогрлиќ, а играа заљубен рокенрол-пар.

Паметиме многу сцени од тоа остварување, а една од највпечатливите е таа каде глумицата Аница Добра, која го толкува ликот на Луна, ја пее сега веќе легендарната песна „Свечени бели кошули“.






Како настанала оваа нумера, открива фронтменот на бендот „Електричен оргазам“, Гиле, со кои таа ја изведува нумерата:

– Песната ја напишавме Влада Дивљан и јас и настана така што беше нарачана музика за филмот „Црниот Бомбардер“. Филмот зборуваше за настаните на почетокот на 90-те години во Белград, па тоа ја наметна и темата во текстовите за филмот. Јас лично мислам дека тоа заедно со „Однеси ме“ е најдоброто што јас и Дивљан сме го направиле заедно. А, мислам дека и публиката го мисли истото – изјавил Гиле.

Инаку, филмот „Црниот бомбардер“ доби своевремена награда за најдобро сценарио на Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања во 1992 година, како и награда за најдобар актерски пар на годината за Аница Добра и за Драган Бјелогрлиќ.

Поврзани содржини