Јани Макрадули е избран за генерален директор на „Пошта“

Поранешниот заменик-министер за животна средина доаѓа на местото на Ејуп Рустеми, кој замина на функцикјата директор на ЈП за државни патишта.

2,214

Јани Макрадули, екс заменик-министер за животна средина и просторно планирање е именуван за генерален директор и претседател на Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“.

Информацијата ја потврдија од „Пошта“, но и веќе неговата биографија може да се види на сајтот на претпријатието.






Тој доаѓа на местото на Ејуп Рустеми, кој замина на функцикјата директор на ЈП за државни патишта.

Maкрадули ја наследува ова јавно претпријатие со големи долгови oд последните неколку години. Во меѓувреме, поради стечајот на Еуростандард банка „Пошта“ го загуби и платниот промет.

Во Собранието е измена на закон со кој на „Пошта“ ѝ се продолжи монополската позиција за разнесување на пратктие за коресподенција, кои се најбројни за уште две години.

Владата најави продажба на ова јавно претпријатие. Веќе се прават и анализи за тоа дали целосно ќе се продава или ќе се бара инвеститор преку јавно-приватно партнерство.

Поврзани содржини