АНГЛИЧАНКА ИМ ГИ ОДЗЕЛА ТАБЛЕТИТЕ НА ЌЕРКИТЕ ЗА ДА УЧАТ Полицијата ја обвини за кражба, па помина 7 часа во притвор

Браун, која е професорка по историја, вели дека била трауматизирана од апсењето. Полицијата ги пронашла таблетите во домот на нејзината мајка во Кобам.

183

Англичанката Аманда Браун (50), мајка на две ќерки, била задржана во полиција 7,5 часа затоа што им ги одзела таблетите на ќерките за да се фокусираат на училишната работа. Полицијата ја уапсила под сомнение дека извршила кражба,, објави британски Експрес.

Весникот наведува дека полицијата сега признала дека Браун имал право да им ги одземе таблетите на ќерките, но дека не се извинила.






Од полицијата велат дека 40-годишен маж пријавил кражба на ајпадот, а жената е уапсена затоа што не соработувала со полицијата, односно затоа што негирала дека таблетите се кај неа и дека поради тоа е осомничена за кражбата.

Браун, која е професорка по историја, вели дека била трауматизирана од апсењето. Полицијата ги пронашла таблетите во домот на нејзината мајка во Кобам.

Поврзани содржини