АНГЛИЧАНИТЕ ПАЗАРАТ ВО ШПАНИЈА Тотенхем купи играч на Барселона
Емерсон дојде во Тотенхем на истекот на преодниот рок од редовите на Барселона, а вредноста на трансферот изнесува 30 милиони евра.
Бразилскиот репрезентативец Емерсон Ројал е нов играч на Тотенхем, потврди лондонскиот премиерлигаш.
Емерсон дојде во Тотенхем на истекот на преодниот рок од редовите на Барселона, а вредноста на трансферот изнесува 30 милиони евра.
Каталонскиот клуб ќе инкасира 24 милиони евра, додека шест милиони евра од зделката заработи поранешниот клуб на Емерсон, Бетис.