АНГЛИЧАНИ ДЕМОЛИРАЛЕ УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО НЕГОТИНО Истепале и полицаец кој бил на должност
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, наведено е во полицискиот билтен.
Синоќа во 22.50 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Џ.Л.(29), Б.С.(24) и Б.Ф.(29), сите од Велика Британија, затоа што се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино, а Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, наведено е во полицискиот билтен.