Англичанец го истетовира трофејот пред финалето: Сите ми се смеат, но јас нема да го избришам (ВИДЕО)

Луѓето ми велат дека треба да ја покријам, но јас нема да го сторам тоа. Можеби можев само да ја сменам годината од 2020 до 2024 година - рече Луис Холден

641

Пред натпреварот во финалето на Европското првенство, англиските навивачи беа сигурни во победа против Италија и голема прослава по натпреварот.

Некои отидоа дотаму што почнаа да тетовираат во знакот на ЕВРО и освојувањето на титулата неколку дена пред финалето, а еден направи вистинско уметничко дело на ногата.






Луис Холден го истетовира победничкиот трофеј со познатиот слоган „Се враќа дома“ – (It´s coming home), што значи враќање на титулата во Англија, лулката на фудбалот.

– Не размислував за тетоважата, сакав само Англија да победи. Сите замолкнавме, беше ужасно, а потоа ме потсетија на тетоважата. Не сакам да ја тргнам. Луѓето ми велат дека треба да ја покријам, но јас нема да го сторам тоа. Можеби можев само да ја сменам годината од 2020 до 2024 година – рече Луис Холден алудирајќи на следното Европско првенство, објави „SkySports“.

Тој додаде дека тетоважата насмеала многу Италијанци кои го контактирале.

– Тие сметаат дека е смешно. Како моето семејство. Голем број италијански навивачи ми испратија пораки, но јас само се смеев на тоа – заклучи англискиот навивач.

 

Поврзани содржини