Англија вреди 1,27 милијарди евра, а колку вредат македонските фудбалери?
Македонската репрезентација вреди 61,8 милиони евра, а на листата се наоѓа по Унгарија (74 милиони евра), но пред последната Финска која вреди 44 милиони евра.
Македонската фудбалска репрезентација се наоѓа на претпоследното место на претстојното Европско првенство според вредноста на фудбалерите.
Според сајтот за проценка „Tranfermarkt“, селекцијата на Англија е на врвот и вреди 1,27 милијарди евра. Втори се Французите со 1.03 милијарди евра, трети се Германците со 936 милиони евра, па Шпанците со 916 милиони и Португалците со 872 милиони евра.
Од земјите во регионот, највредна е репрезентацијата на Хрватска, која се наоѓа на деветтото место со проценка од 376 милиони евра, а потоа следуваат Шкотска со 269 милиони и Чешка со 190 милиони евра.
Македонската репрезентација вреди 61,8 милиони евра, а на листата се наоѓа по Унгарија (74 милиони евра), но пред последната Финска која вреди 44 милиони евра.