Англија воведува систем за предупредување на ковид-19, слично на апликацијата за терористи

817

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе го презентира специјалниот систем за предупредување на новиот коронавирус во Англија, јави Би Би Си.

Системот ќе ја рангира заканата од коронавирус од 1 до 5, а рангирањето ќе се менува во зависност од податоците. Засега системот ќе се применува само во Англија.

Системот ќе варира од зелено ниво (1) до црвено (5) и ќе работи слично на апликација која ги предупредува граѓаните за опасност од терористи.

Се очекува Џонсон да каже дека Англија моментно е во четвртата фаза на опасност, но оди кон третата фаза. Исто така, нивото на закана од коронавирус нема да биде исто во секој дел од земјата, така што нивото на опасност ќе варира од град до град.

Тоа може да придонесе за олабавување или заострување на ограничувањата на локално ниво, и ова секако ќе зависи од бројот на заразени, мртви и оздравени од коронавирус во областа.

Велика Британија има повеќе од 215.000 случаи и повеќе од 30 000 смртни случаи од последиците на Ковид-19.

Поврзани содржини
na