Англија води со гол во втората минута

121

Натпреварот на Вембли започна онака како што само можеа да посакаат љубителите на фудбалот.

Уште во втората минута од финалето на ЕП 2020 меѓу Англија и Италија, Лук Шо одлично ја зафати топката и погоди за водство на Англија од 1:0.






Албион дојде до предност благодарение на бековите откако Трипиер асистираше од десно, а Шо маестрално погоди.

Поврзани содржини