Англија ќе плати 30.000 евра за ласерот вперен кон голманот на Данска
За време на изведување на пеналот на Хари Кејн, кон голманот на Данска, Каспер Шмајхел англиски навивачи насочи ласерско светло.
УЕФА донесе одлука по дисциплинска постапка иницирана против Англија по инцидентите во полуфиналниот натпревар на ЕВРО 2020 против Данска, информира веб-страницата на организацијата.
За време на изведување на пеналот на Хари Кејн, кон голманот на Данска, Каспер Шмајхел англиски навивачи насочи ласерско светло. Англиската фудбалска асоцијација е казнета вкупно со 30 илјади евра и за употребата на пиротехника на нејзините навивачи, како и за недолично однесување за време на интонирање на данската химна.
За потсетување, во финалето на ЕВРО 2020 Англија утревечер од 21 часот во Лондон на „Вембли“ ќе игра со Италија.