Англија ја порази Германија на „Вембли“

Англија во четвртфиналето ќе игра во Рим против победникот од вечерашниот завршен осминафинален натпревар меѓу Украина и Шведска.

283

По неколку неискористени идеални шанси на двете страни, особено во првото полувреме, Англичаните беа тие, кои го отворија резултатот на стадионот „Вембли“ преку Рахим Стерлинг во 75 минута.

Истиот играч само пет минути подоцна и подари колосална шанса за израмнување на германската репрезентација, но Томас Милер биеше за малку непрецизен откако се најде очи в очи со англискиот голман Џордан Пикфорд.






Казната за промашувањето стигна на спротивната страна во 86 минута со дебитантскиот гол на Хари Кејн на ЕУРО2020.

Англија во четвртфиналето ќе игра во Рим против победникот од вечерашниот завршен осминафинален натпревар меѓу Украина и Шведска.

Поврзани содржини