Ангеловски со изменет состав за дуелот со Естонија

На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Столе Димитриоски кој мора во изолација поради наводен позитивен тест на коронавирус.

387

Македонската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел со Естонија ќе настапи во различен состав за разлика од средбата со Косово одиграна во четвртокот.

На голманската позиција ќе биде Дамјан Шишковски, кој ќе го замени Столе Димитриоски кој мора во изолација поради наводен позитивен тест на коронавирус.






Во дефанзивната линија се Езѓан Алиоски, Кире Ристевски, Ѓоко Зајков и Стефан Ристовски.

Бобан Николов и Стефан Спировски ќе бидат поповлечени во средниот ред, а пред нив се Александар Трајковски, Ферхан Хасани и Тихомир Костадинов.

Најистурен ќе биде Иван Тричковски.

Почетокот на натпреварот во Талин е во 18 часот.

Поврзани содржини