Ангеловски посакува доминација и контролa на играта на средбата со Ерменија
Се обидов да го анализирам системот кој го користи ерменскиот селектор. Мислам дека имаме квалитети да бидеме екипата која ќе се прашува за многу работи на мечот - вели селекторот.
Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски на прес-конференција пред дуелот со Ерменија во Скопје во сабота од 15 часот, изјави дека имал можност да види каква е формата на фудбалерите и добил слика како треба да изгледа тимот кој ќе донесе посакувани резултати.
– Се обидов да го анализирам системот кој го користи ерменскиот селектор. Мислам дека имаме квалитети да бидеме екипата која ќе се прашува за многу работи на мечот. Сакам да доминираме и да ја контролираме играта, изјави селекторот.
Ангеловски додаде и дека утре нема да настапи Иван Тричковски бидејќи не го издржал последниот тренинг.
– Се надевам дека за Грузија ќе биде подготвен. Одиме од натпревар во натпревар за да ја оствариме целта и да се пласираме на Европското првенство, изјави тренерот на „жолто-црвените“.