Во Министерството за финансии почна да се подготвува ребалансот на Буџетот за 2020 година. Министерката за финансии Нина Ангеловска во гостување на ТВ24 вели дека поцесот е почнат и оти се чекало токму април за да се има повеќе информации.
– Генерално во моментот е предизвик да се проба да се појде од што пореалиситични проекции или претпоставки. При прекројувањето ги земаме предвид сегашните проекции што ги имаме направено, – рече министерката.
Таа посочи дека буџетот е ликвиден за да ги извршува своите обврски и дека се тече нормално. Исплатени се субвенциите, повратот на ДДВ кој е 26 проценти повисок во однос на април лани, се исплаќаат плати, пензии, социјални помош.
– Добивме една ликвидносна поддршка да рачеме во прав момент, заем од ММФ од 176 милиони евра. Имајќи предвид дека бевме конзервативни во планирање на ликвидносните потреби во април, сега сме во една ситуација каде ги сервисираме сите обврски, ги следиме сите потреби, но во исто време направивме значајно кратење на расходната страна. Пример, ако ги погледнеме реализацијата на стоки и услуги во месец април е помало за 36 проценти во споредба со минатогодишниот месец април. Тоа покажува дека одлуките на Владата да се стопира раст на непродуктивни расходи даваат резултат – истакна министерката.
За донесениот Буџет за годинава, таа оцени дека не е направен преамбициозно и дека бил реално скроен.
За платите на администрацијата останува на ставот дека треба да се намалат, но вели дека одлуката ја носи Владата како колективен орган. Како аргументи кон ставот дека треба да се скрати платата на администрацијата е неодењето на работа, намалени трошоци поради неодење на работа, намалена продуктивност, солидарност, криза.
Ангеловска тотенцира дека во моментов не се размислува на промена на некои даноци.