Ангеловска не е за втор ребаланс на Буџетот

268

Министерката за финансии Нина Ангеловска смета дека нема да има потреба од втор ребаланс на буџетот годинава, бидејќи со ребалансот од пред еден месец е направено доволно кратење на трошоците.

–  Согласно реализацијата не цениме дека има потреба да се разговара за нов ребаланс, еден месец по првиот. И со овој имаме направени резерви со кои може да се справиме  и со нов бран на кризата. Tој е скроен да одговори на оваа криза, да одговори на евентуален дополнителен шок и кога разговараме дека се обезбедени средства за непречено извршување на буџетот, разговаравме дека има одреден бафер на дополнителни обезбедени средства , ако треба да се прави до крајот на годината друг ребаланс и понатамошно да се продлабочува дефицитот – рече Ангеловска.

 

Поврзани содржини
na