Ангеловска: Има мораториуми за кредити, ама никој не ги простува каматите
аштитата на банкарскиот сектор не значи дека вадата не бара од банките да се солидализираат, туку значи дека цели да ги заштити граѓаните и на долг рок, рече Ангеловска.
Министерката за финансии не им замерува на банките кои и покрај најавата дека треба да ги намалат каматите на кредитите за одреден период, сепак понудија услови со грејс период во која се плаќаат каматите. Таа смета дека бванкарскиот сектор моментално треба да размислува за стабилноста, а одредени банки кои можат да го направат тоа и ќе ги намалат каматите.
– Заштитата на банкарскиот сектор не значи дека вадата не бара од банките да се солидализираат, туку значи дека цели да ги заштити граѓаните и на долг рок, бидејќи стабилноста на банките е важна за заштита на граѓаните и нивните средства и во иднина, за банкарскиот сектор да продолжи нормално да функционира и во кризата и после неа – рече Ангеловска.
Ангеловска посочи примери на земји кои воведоа мораториум на кредитите, но , како што рече тие не ги простиле каматите.
– Каматите комплетно не се бришат или одложуваат или простуваат. Како пример Словенија, Црна Гора, Албанија и Србија имаат мораториум, но каматите се пресметуваат и се репрограмираат во следниот период -рече таа.
Министерката ги повика сите кои даваат под закуп станови, да размислат дали се во можност да се солидаризираат со закупувачите и да им го одложат плаќањето на кириите за одреден период.
Таа информира дека владата ја разгледува оваа опција.