Ангеловска ги повика граѓаните да донираат пари на Владата

Таа истакна дека донираните средства ќе се користат за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со ковид-19, како и за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.

2,740

Сега секој кој има можност преку https://solidarnost.gov.mk/ може лесно и едноставно да придонесе во борбата против ковид-19 со своја донација, повика министерката за финансии, Нина Ангеловска, преку Фејсбук.

„Приклучете се, придонесете, споделете, впишете се во листата на донатори…Бидејќи заедно сме во ова, а заедно сме посилни!  До сега на донаторските сметки во Министерство за здравство и во Солидарниот ковид фонд во Влада на Република Северна Македонија се донирани над 200 милиони денари. Солидарност е платформа за донации за помош во надминување на ковид-19 кризата, која ја креиравме со поддршка од International Republican Institute (IRI) и USAID North Macedonia. Може да се донира со платежна картичка. А сите кои донирале до сега преку банкарски трансфер може да се запишат во листата на донатори“, напиша Ангеловска.






Таа истакна дека донираните средства ќе се користат за набавка на опрема за здравството и обезбедување на потребите во здравството за справување со ковид-19, како и за социо-економски мерки, за поддршка на повеќе категории на граѓани на кои им е потребна помош.

„Благодарност на над 1000 сограѓани кои до сега донирале и над 130 компании кои покажаа солидарност и општествена одговорност. Исто така благодарност до УНИБанка која го поддржува овој проект и овозможува процесирање на сите донации без било какви трошоци“, напиша Ангеловска.

Поврзани содржини