Ангеловска: Ќе се зголеми акцизата за нафтата, предлог е тоа да биде за два денари
стопанската комора предложи зголемување на акцизата како една од мерките за подобрување на бизнис климата.
Владата работи на прдлогот на Стопанската комора за зголемување на акцизата.
– Предлогот е на маса. Веќе подготвуваме предлот уредба. Соглсасно пресметките и фискалните импликации предлогот е да се зголеми акцизата за 2 денари. Работиме заедно со Царинската управа конкретно на предлото и ќе излеземе со информација. Но сметам дека ќе го прифатиме предлогот на Стопанската комора – рече Ангеловска.
Таа рече дека има оправданост предлогот кога има пад на цената на нафтата и намналена побарувачка и сето тоа е предизвикано од здравствениот шок.
Пред некој ден првиот човек на Стопанската комора Бранко Азаески предложи низа мерки за подобрување на состојбата во економијата. една од нив беше да се зголеми акцизата на нафтата и дериватите.