Ангеловска: Државата редовно ќе ги плаќа обврските кон фирмите, имаме три сценарија за буџетот

Ангеловска рече дека во тек се постапките за обезбедување пари од меѓународни финасиски и комерцијални организации.

881

Повратот на ДДВ и исплатата на сите обврски преземени од државата кон фирмите ќе се реализира во пропишаниот рок и ако е можно порано за да се задржи ликвидноста на компаниите, иако државата има проблем со полнењето на буџетот од средината на март со почетокот на здравствената криз, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која информираше за ликвидноста на државната каса.

Ангеловска рече дека во тек се постапките за обезбедување пари од меѓународни финасиски и комерцијални организации и издавањето на еврообврзница во износ од 600 милиони евра






-Утре треба да стигнат понудите за кредитот од 400 милиони евра кој треба да се искористи до премостувањето на периодот до издавањето на еврообврзницата која треба да биде издадена на износ од 600 милиони евра, а бише планирано да се издаде на крајот на годината на виснина од 500 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит. Се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства – рече .Ангеловска.

Таа  информира дека од 20 март има остар пад на приходите во државната каса, пред се кај даноците и акцизите како резултат на здравствената криза и неработењето на дел од секторите поради владините мерки за спречување на ширенето на коронавирусот. На дневна основа проектираното полнење на буџетот е во минус по 25 отсто.

Министерството за финансии, како што рече Ангеловска, веќе подготви три сценарија за однесувањето на приходите и расходите во буџетот зависно од должината на здравствената криза.

– Најголем пад се очекува од 40 до 60 проценти во вториот квартал кај сите даноци. Проекцијата за  четвртиот квартал ќе зависи од однеувањето на здравствената криза – рече Ангеловска.

Според првото сценарио предвиден е пад на приходите во Буџетот  од 20 отсто во однос на планот или дефицитот да се зголеми за 700 милиони евра над проектираниот од 300 милиони евра.

Според второто сценарио падот на приходите е проектиран на 30 отсто потребите за зголемување на дефицитот е за плус 1 милијарда евра од предвидениот 300 милиони евра

Третото сценарио, пак, предвидува пад на приходите од 40 отсто при што дефицитот ќе се зголеми за плус 1,3 милијарди евра.

– Важно е да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да преземаме мерки и да повлекуваме соодветни чекори за да се случи најдоброто – рече Ангеловска.

Будното следење, агилноста и флексибилноста на владите, нагласи, се клучни за делување и справување со овој здравствено-економски шок.

-За секое од трите сценарија подготовуваме и сценарија за финансирање. Непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал носи голем предизвик и при креирање на овие сценарија- рече таа.

 

Поврзани содржини