Ангеловска до фирмите: Не е време за профитерство, оние со профит, однапред да ги платат давачките

Таа информира дек Министерството за финансии во најкус рок врши поврат на данокот. 

764

Министерката за финансии Нина ангеловска ги повика денеска компаниите во секторите кои работат со добивка и не се погодени од кризата со коронавирусот авансно (однапред) да ги плаќаат давачките кон државата за да им помогнат, како што вели таа, на дејностите кои се во незавидна положба во тековниот период.

– Секој ден сите учиме нешто ново, непредвидливоста е многу голема од секој аспект. Бараме солидарност, не е време за профитирање. Помошта треба да ја дадат сега сите. Ги повикав оние компании кои немаат проблеми, кои остваруваат добивки давачките авансно да ги платат. Ние ќе се погрижиме што побрзо да се врши повратот на ДДВ и да се зголеми ликвидноста – рече  Ангеловска.






Таа информира дек Министерството за финансии во најкус рок врши поврат на данокот.

Таа додаде дека го разбира незадоволството на некои дејности од најавените мерки за помош од страна на државата, но додаде дека тоа се краткорочни, а најефикасни ќе бидат оние кои ќе се испланираат на долг рок и кои се за стабилизирање на секторите по кризата..

Поврзани содржини