Ангеловска Дигиталната платформа за текстилната индустрија ќе стартува во септември
утре на тема дигитална платформа во Министерството за финансии ќе се разговара со претставници на коморите и кластирот за текстил.
Дигиталната платформа за нови пазарина текстилните компании ќе стартува од септември, информира денеска министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција на која ги претставни мерките за компаниите предвидени во третиот пакет.
Ангеловска рече дека текстилна индустрија во периодот на коронакризата успеала брзо да се адаптира и да го зголеми извозот на заштоитна опрема.
– Но овие компании главно оние кои имаат лон производство, се покажа дека имаат празен простор за зголемување на производството и асортиманот на производи наменети за извоз. Затоа ние како влада одлучивме да им помогнеме преку развој на дигитална платформа за побрз излез на странските пазари – рече Ангеловска.
Таа најави дека утре на тема дигитална платформа во Министерството за финансии ќе се разговара со претставници на коморите и кластирот за текстил.
Ваква платформа, како што беше соопштено на денепната прес-конференција ќе се подготви и за производителите на мебел и ПВЦ производи.