Ангеловска-Бежоска: Последните месеци интервенциите на девизниот пазар се значително поумерени

Гувернерката рече дека девизните резерви се на високо и конфорно ниво коешто овозможува задржување на тековната релаксирана поставеност.

424

Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска информира дека Централната банка во услови на коронакриза работи според глобалните препораки за монетарна политика , но притоа води сметка за специфичноста надомашната монетарна стратегија и одржувајќи го девизниот курс како номинално сидро.

Гувернерката на  годишно собрание на Здружението на финансиски пазари – АЦИ Македонија рече дека од март наваму, Народната банка интервенираше на девизниот пазар со продажба на девизи, но во последните месеци интервенциите се значително поумерени. Девизните резерви се на високо и конфорно ниво коешто овозможува задржување на тековната релаксирана поставеност.






– Основната каматна стапка сѐ уште е во позитивна зона, а со тоа и маргината во однос на ЕЦБ останува позитивна. Сепак, со оглед на спецификата на нашиот монетарен режим, јасно е дека за нас не важи нултата долна номинална граница и оттаму и дополнителниот простор не е неограничен. Ова се однесува и на емисијата на дополнителна ликвидност, којашто секако е алтернатива доколку е потребно, но до онаа точка до којашто тоа не би предизвикало притисок на девизниот пазар – рече Ангеловска-Бежоска.

Таа се осврна и на предизвиците поврзани со финансиските пазари во изминатиот период, како и на очекувањата за периодот што претстои.

–Неизвесноста и ризиците за глобалните економски текови, но и за глобалните финансиски пазари останува невообичаено висока, имајќи ја предвид неможноста да се предвиди траекторијата на здравствената криза. Оттаму останува потребата и ние како носители на политиките, а секако и вие како пазарни учесници да бидеме внимателни при носењето на одлуките и соодветно да управуваме со предизвиците пред нас – рече гувернерката.

Поврзани содржини