АНГЕЛОВСКА-БЕЖОСКА МУ ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА СЛАВЕСКИ Новиот гувернер вети стабилност и транспарентност

Новиот гувернер Славески порача дека функцијата што ја презема носи голема одговорност, но и посветеност кон транспарентност и стабилност на финансискиот систем.

817

Со официјална церемонија во просториите на Народната банка, денеска беше одбележан почетокот на мандатот на новиот гувернер д-р Трајко Славески и завршување на мандатот на досегашната гувернерка д-р Анита Ангеловска-Бежоска.

Во своето проштално обраќање, Ангеловска-Бежоска ја истакна посветеноста на институцијата кон реформи, стабилност и модернизација, дури и во време на глобални кризи.






– Ова беа години на интензивна трансформација, силни институционални капацитети и одржување на макроекономската стабилност. Горда сум што Народната банка доби високи оценки од меѓународните финансиски институции – изјави таа, упатувајќи благодарност до тимот на Народната банка.

Таа му го честиташе мандатот на својот наследник, д-р Трајко Славески, посакувајќи му успех во водењето на институцијата.

Новиот гувернер Славески порача дека функцијата што ја презема носи голема одговорност, но и посветеност кон транспарентност и стабилност на финансискиот систем.

– Ќе се залагам за професионално водење на политиките, со аналитичка аргументираност и јасна визија која ќе одговара на предизвиците на современата економија. Ќе работам на зајакнување на довербата и на јавноста и на меѓународните партнери во институцијата – рече Славески.

Поврзани содржини