Ангелов покажа како се спушта по јаже во длабочина од 30 метри (ВИДЕО)
В.Д. директорот на ЦУК учествуваше во вежбовна активност на спелеолозите.
В.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов учествуваше денеска во вежба за спасување „Мрежичко 2021“која се одржа утринава кај кавадаречкото село Мрежичко како дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија.
Тој се спушти по јаже низ клисура длабока 30 метри.
– Во знак на восхит на овие млади луѓе и во знак на доверба на нивните вештини и опрема со кои располагаат, ќе се спуштам по јаже низ оваа клисура – рече Ангелов.
Спасителна вежба „Мрежичко 2021“, се однесува на спуштање и извлекување на повредени лица од непристапен терен и индустриски алпинизам.
–Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже, традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на нашиот тим за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни, наведуваат од ЦУК.