Ангелов на насловните страници во Србија: Се бореше против Албанците, а сега ја брани Дуа Липа за Голема Албанија
Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов се најде на насловните страници во српските медиуми. Српскиот портал „Ало.рс“ пишува дека генералот Ангелов, иако во воениот конфликт се бореше против Албанците сега застана во одбрана на косовската пејачка Дуа Липа која на социјалните мрежи го истакнува знамето на Голема Албанија на која има делови од Србија, Македонија, Црна Гора и Грција.
Оваа нејзина постапка предизвика бура од реакции, прво од нејзините српски колеги кои ја повикаа да шири љубов, а не омраза.