Ангела Огулин на106 години го победи коронавирусот

Преживеала две војни го пободила и Мусолини.

513

Кога коронавирусот ги нападна жителите на домот за стари лица во словенечкиот град Метлика, никој не можеше да сонува дека Ангела Огулин, баба од 106 години, ќе се најде на списокот на најстари жители на земјината топка кои го победиле овој вирус, објави Словенске новице.

Семејството на Ангела информацијата за нејзиното заразување од коронавирусот го добило од директорката на старечкиот дом Ивица Лозар.






Претстоела двонеделна борба за неа и за семејството и олеснување по веста за нејзиното оздравување.

– Госпоѓа Огулин е добра и ние сме горди на неа – му соопштил директорката на старечкиот дом Лозар на семејството.

Ангела е сведок на најзначајните настани од 20-от век.

Таа е родена во годината на почетокот на „Големата војна“ 1914 година во селото Драшиќ, како едно од осумтте деца на семејството. Низ животот навикнала на борба и работа. Ја преживеала Втората светска војна, фашизмот на Бенито Мусолини кога на крштевка на едно од своите деца доживеала бомбардирање, но е и сведок на настаните по војната.

Медиумите информираа дека таа е мајка на три деца. Задоволна е што три пати била на море, и што во  1981 година го посетила гробот на Јосип Броз Тито, маршалот на ЈНА и претседател на СФРЈ.

Поврзани содржини