АНГЕЛА МЕРКЕЛ ЗЛАТО ВРЕДИ Германија произведе златници со ликот на канцеларката

Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот. 

318

Во Германија, во пресрет на утрешните парламентарни избори, пуштена е во продажба лимитирана серија златници со ликот на канцеларката Ангела Меркел.

Продажната вредност на монетата започнува од 49.95 евра, соопшти колекционерската куќа МДМ.






Златникот тежи 0.58 грама чисто злато, примерок 999. Неговата големина изнесува 12.5 милиметри, а тиражот е 5.000 парчиња.

На монетата се наоѓа ликот на Ангела Меркел и изгравирана е во 2005 година кога таа ја презеде функцијата канцелар на Германија.

Соопштено е дека серијата златни монети е издадена во чест на највлијателната жена во светот.

Поврзани содржини