АНГЕЛ АНГЕЛОВ СЕ ВРАТИ Бугарскиот амбасадор продолжува со дипломатската служба во Македонија

254

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов им се враќа на своите дипломатски должности во Северна Македонија во полн капацитет, е известувањето кое денеска пристигнало во македонското МНР, дознава „360 степени“.

Амбасадорот Ангелов денеска во Скопје пристигна со бугарскиот министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, кој се сретна со македонскиот колега Оливер Спасовски, и практично останува во земјава.






Бугарското МНР минатата недела го повика Ангелов на консултации во Софија поради, како што информираа оттаму, сериозната состојба во однос на правата на Бугарите во Северна Македонија и ескалацијата на актите и злосторствата од омраза против нив во последните месец.

Поврзани содржини