Јаневски за Политика: Не очекува тешка туристичка сезона, летувајте дома

Со оглед на тоа дека една од најголемите жртви на вирусот ковид-19 е туризмот и токму оваа индустрија е соочена со најголемиот предизвик до сега, Јаневски смета дека „оваа година патувањата ќе бидат насочени кон поблиските дестинации, најмногу ќе се патува со автомобил, со семејството или мали групи на пријатели, барајќи мирни дестинации во природа“.

228

Во интервју за српскиот весник „Политика“, Љупчо Јаневски, директор на АППТ ги презентира плановите и стратегијата на АППТ за помош и зајакнување на туристичката индустрија после кризата предизвикана од ковид-19. Поголема регионална соработка и фокус на домашните туристи се спасот за оваа тешка туристичка сезона која ни претстои, вели Јаневски на двостраното интервју за весникот „Политика“ и дополнува дека финални одлуки и мерки сеуште нема во ниту една земја на Балканот, но размислувањата се движат во рамките на домашната помош на локалните влади и евентуално отворање на границите околу месец Јули.

На насловната страна во која српскиот весник „Политика“ го најавува интервјуто, ја парафразира изјавата на Јаневски каде тој смета дека втората фаза на закрепнувањето на туризмот после пандемијата ќе подразбира билатерална соработка и патување помеѓу одредени земји на Балканот. Со оглед на тоа дека една од најголемите жртви на вирусот ковид-19 е туризмот и токму оваа индустрија е соочена со најголемиот предизвик до сега, Јаневски смета дека „оваа година патувањата ќе бидат насочени кон поблиските дестинации, најмногу ќе се патува со автомобил, со семејството или мали групи на пријатели, барајќи мирни дестинации во природа“.






Најголем ќе биде интересот за руралните средини, посета на националнни паркови и заштитени подрачја, изјавува Јаневски во весникот „Политика“ и дополнува дека „промоцијата на Србија, Црна Гора и Република Северна Македонија како една дестинација на азискиот пазар треба да се искористи и да се овозможи патувања во регионот кои ќе се реализираат под одредени, однапред договорени услови. Тоа ќе овозможи проток на туристи , ќе ја зголеми конкурентноста и намали негативните ефекти во економиите на земјите“.

Низ целото интервју на две страни во српскиот весник „Политика“, Јаневски ја промовира идеата за заеднички регионален пристап во туризмот што го гледа како шанса за негов спас, велејќи дека „дојдено е времето кога балканските земји ќе се поддржат како повеќе од било кога, а таа поддршка ќе биде на повеќе нивоа, додека туризмот ќе овозможи да се зацврстат изградените мостови на доверба помеѓу балканските земји“.

Поврзани содржини