Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева денеска во Државниот завод за ревизија почнала да се соблекува и останала во долна облека додека ревизорите и ги презентирале наодите од ревизијата за финансиското работење на СЈО, објави телевизија Телма.
На полицајците Јанева прво им кажала дека и е доста од се и почнала да се соблекува, по што била повикана итна помош која и дала инјекција за смирување.
Поради инцидентот е прекинат увидот во наодите на ревизијата за работењето на СЈО.
„Во 10:30 часот К.Ј (1965) по наредба од Основен кривичен суд Скопје била спроведена во Држвен завод за ревизија во Палатата „Емануел Чучков“, каде го нарушила јавниот ред и мир со дрско и непрстојно однесување на јавно место. Сочинет е записник за констатираниот прекршок“, соопштија од МВР.