АНЕСТЕЗИОЛОГОТ ОД ТЕТОВО 15 МЕСЕЦИ НЕКА СНИМА НА ТИК-ТОК ЗАД РЕШЕТКИ Во судницата им се извини на пациентките што ги снимаше

Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, по што и Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа.

624

Една година и три месеци затвор за анестезиологот од Тетовската болница кој со својот мобилен телефон снимаше пациентки од одделот на Гинекологија, а видеото го објави на социјалната мрежа Тик Ток.

До правосилноста на пресудата ќе биде во домашен притвор. Пред судот, тој денеска призна вина и се извини за своето однесување.






Скандалот се случи на 14 април, а следниот ден анестезиологот беше разрешен од работното место, по што и Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа.

Обвинителството му одреди осумдневен притвор и поднесе обвинение за две кривични дела: несовесно вршење на своите овластувања и тешко повредување на правата на пациентите.

Подоцна беше откриено и дека во два наврати не му била нострифицирана специјализацијата за анестезиолог. Во тетовската болница потврдија дека лекарот имал и други сериозни прекршоци на работното место, но бидејќи немало формирана дисциплинска комисија не биле преземени никакви постапки против него.

Поврзани содржини