Анестезиолог од Бања Лука сексуално малтретирал млад пациент во кома
Злоупотребата се случила на 19 јануари минатата година помеѓу 19 и 22 часот, а од медицинскиот персонал го виделе Голиќ како го бакнува пациентот во пределот на лицето.
Општиот суд во Бања Лука го потврди обвинението против поранешниот началник во Клиниката за анестезија и интензивно лечење на УКЦ Република Српска д-р Дарко Голиќ за сексуално вознемирување на пациент, пренесува „Дневни аваз“.
Според обвинението, Голиќ злоставувал 36-годишен маж, татко на две деца, кој после тешка сообраќајка лежел во болницата и одредено време бил во кома. Според неофицијалните информации на босанскиот медиум, ДНК од обвинетиот Голиќ била пронајдена на пациентот, на неговата постелнина, очилата и на пелените за возрасни.
Злоупотребата се случила на 19 јануари минатата година помеѓу 19 и 22 часот, а од медицинскиот персонал го виделе Голиќ како го бакнува пациентот во пределот на лицето.
Според документите од истрагата, Голиќ е обвинет за силување на беспомошниот пациент во „шок собата“. Пред тоа, пациентот бил во кома со денови. Откако се разбудил од кома не можел да се брани, бидејќи бил врзан за кревет, вообичаена процедура да се спречи самоповредување.
Сведоците опишале дека пациентот во присуство на д-р. Голиќ бил видно вознемирен и исплашен и дека за време на неговиот престој во собата пулсот скокнал на 150. Самиот пациент, иако зборува тешко, на полициските инспектори им потврдил дека бил малтретиран од страна на др. Голиќ, пишува „Дневни аваз“.