АНЕКСИЈА НЕМА ДА ГО СОПРЕ ПРИЗНАВАЊЕТО НА ПАЛЕСТИНА ОВОЈ СЕПТЕМВРИ Макрон е сериозен за планираната конференција

Никаква офанзива, обид за анексија или присилно преселување не може да го запре процесот што го започнавме со престолонаследникот, истакна францускиот претседател по средбата со саудискиот престолонаследник, пренесе „Фигаро“.

54

Францускиот претседател Емануел Макрон најави решеност да го продолжи меѓународниот процес за признавање на палестинската држава.

– Никаква офанзива, обид за анексија или присилно преселување не може да го запре процесот што го започнавме со престолонаследникот – истакна Макрон по средбата со саудискиот престолонаследник, пренесе „Фигаро“.






Тој остро ја оцени одлуката на САД да не издаваат визи за палестински претставници на Генералнoто собрание на Обединетите Нации како „неприфатлива“ и повика на нејзино повлекување за правично присуство на Палестина според правилата на седиштето на ОН.

Макрон лани најави дека Франција ќе ја признае палестинската држава на 22 септември 2025 на Генералното собрание на ОН, односно на конференција на која ќе ко-претседава саедно со престолонаследникот на Саудиска Арабија.

Неодамна белгискиот министер за надворешни работи најави дека Брисел исто така ќе ја признае Палестина и дека ќе наметне силни санкции против Израел.

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, го критикуваше Макрон, нарекувајќи го „опасен“ и обвинувајќи го дека се меша во конфликт каде не е страна и дека „нимало допир со реалноста на теренот по 7 октомври“, додека однесувањето му го оцени како „подривно за стабилноста и правниот поредок“

Поврзани содржини