Андроид 12 ги изненади корисниците со нови емотикони
Комуникацијата во денешно време се разликува многу од онаа пред неколку децении, меѓудругото и поради тоа што емотиконите станаа важен дел од разговорите, напишаа Engadget.
Новата верзија на оперативниот систем Андроид ќе добие освежување со стотина емотикони, а со тоа сегашните ќе се променат естетски, но и функционално.
Светскиот ден на емотиконите се обележува на 16 јули, а во таа чест Гугл даде најава за промена на емотиконите со доведувањето на новата верзија Андроид 12.
Новата верзија на оперативниот систем ќе добие освежување за стотина емотикони, па овие кои се сега ќе бидат променети естетски и функционално. Емотиконите ќе добијат подобрување и на оние апликации и платформи на кои досега не се водело грижа за нив.
Комуникацијата во денешно време се разликува многу од онаа пред неколку децении, меѓудругото и поради тоа што емотиконите станаа важен дел од разговорите, напишаа Engadget.
Поради тоа важно е емотиконите да изгледаат пристојно, а Андроид 12 ќе го направи токму тоа- емотиконот со бикини повеќе нема да изгледа како некој да го носел неколку дена, симболите кои обележуваат храна нема да изгледаат како да се прописно зготвени, а емотиконот на кој е личност со заштитна маска нема повеќе да изгледа болно, туку како граѓанин кој се почитува себе и луѓето кои го опкружуваат, пренесува PC Press.
Покрај наведеното, емотиконите се јасни и полесни за толкување, но тука се и оние емотикони кои ги вклучуваат и личностите кои до сега биле невидливи, граѓани кои се разликуваат од останатите. Што доведува до тоа дека модерната комуникација оди кон подобро, односно има разбирање и толеранција, а тоа е нешто кое ни е најпотребно, пренесува Telegraf.rs.