АНДРЕА ЗА МАЛКУ ЌЕ СЕ ПЛАСИРАЛА ВО ФИНАЛЕТО Била на 11-то место во втората полуфинална вечер

Како што покажуваат податоците од гласањето, објавени на официјалната страница на Евровизија, Андреа го го освоила 11-тото место.

796

Македонската претставничка на Евровизија, Андреа Коевска се натпреваруваше во втората полуфинална вечер со песната „Circles“.

Како што покажуваат податоците од гласањето, објавени на официјалната страница на Евровизија, Андреа го го освоила 11-тото место. Андреа освоила вкупно 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телевотинг.






Инаку, во финалето се пласираа 10 земји со најголем број на гласови, со што Андреа за само една позиција не успеа да се квалификува.

На 66-тото издание на Песна на Евровизија, кое се одржа во Торино, Италија, победи Украина, односно бендот „Калуш оркестра“ со песната „Stefania“.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини