Андреа Бочели направи скандал: Ајде да не ги почитуваме мерките за карантин!

1,833

Познатиот италијански тенор Адреа Бочели го критикуваше одговорот на италијанската влада на пандемијата на коронавирусот, велејќи дека бил понижен со воведувањето на мерките за карантин.

Тој, исто така, ги повика граѓаните да одбијат да ги почитуваат правилата кои што сè уште се во сила.






– Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата иако не сторив никакво злосторство – рекол Бочели на конференцијата на која присуствувале членови на опозицијата, вклучувајќи го и лидерот на Лига, Матео Салвини, кој и самиот го критикуваше одговорот на Владата на пандемијата.

Тој исто така рекол дека верува дека ситуацијата не би можела да биде толку сериозна, како што властите ја претставуке, со оглед на тоа што не познава никој што бил сместен во одделението за интензивна нега заради коронавирусот.

Мерките за карантин во Италија беа воведени во почетокот на март, за подоцна да бидат олеснети во фазите во текот на три месеци.

Андреа Бочели повика на бојкот на овие правила.

– Да одбиеме да го почитуваме ова правило. Ајде да читаме книги, да се движиме, да се запознаеме едни со други, да разговараме – предложил тој.

 

 

Поврзани содржини