АНДРЕА БОЧЕЛИ ЌЕ ПЕЕ НА ОТВОРАЊЕТО НА ЗИМСКИТЕ ОЛИМПИСКИ ИГРИ Темата на церемонијата ќе биде „Хармонија“
Олимписките игри ќе се одржат во Италија од 6 до 22 февруари 2026 година.
Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели ќе настапи на отворањето на Олимписките игри во 2026 година, кои ќе се одржат во Италија од 6 до 22 февруари.
„Неговото присуство претставува природен мост помеѓу музиката и спортот. Ова не е само негово враќање во олимпискиот контекст по учеството на церемонијата на затворање на Зимските олимписки игри во 2006 година во Торино, туку и можност да ја раскаже приказната за Игрите преку нашето италијанско музичко наследство, кое е високо ценето низ целиот свет“, се наведува во соопштението на прес-службата на Организацискиот комитет на Олимписките игри.
Претходно беше објавено дека американската пејачка Мараја Кери ќе настапи и на церемонијата на отворање. Настаните ќе се одржат истовремено на четири места. Темата на церемонијата на отворање ќе биде „Хармонија“.