АНДРЕЈ КОВАЧЕВ ОБЕСПОКОЕН ОД НАПАДОТ ВРЗ Б’ЛГАРСКАТА ГРАЖДАНКА АРСОВСКА Остра реакција на европратеникот познат по антимакедонски ставови
Бугарскиот пратеник Андреј Ковачев во Европскиот парламент денешниот инцидент со скопската градоначалничка Данела Арсовска го оцени како уште еден алармантен напад врз бугарски државјанин во Северна Македонија.
„Сериозно ме загрижува она што се случи денеска со градоначалничката на Скопје, г-ѓа Данела Арсовска – бугарска државјанка. Ги повикувам Министерството за надворешни работи и Бугарската амбасада во Скопје веднаш да обезбедат правна, конзуларна и морална заштита.
Ова е уште еден случај на насилство, малтретирање и јавен линч на бугарските граѓани кои имаат високи јавни позиции и добиле бугарско државјанство врз основа на докажано бугарско потекло.
За жал, притисокот е толку силен што нашите сонародници се принудени да го кријат или негираат својот бугарски идентитет. Неодамна сличен случај беше со министерката за енергетика Сања Божиновска, со неколку пратеници од владејачката ДПМНЕ, како и со луѓе од најблискиот круг на семејството на актуелните и претходните премиери.
Бугарската држава има долг кон своите повеќе од 216.000 бугарски државјани во Република Северна Македонија, кои така станаа по своја волја, со документи докажаа бугарско потекло и со своја рака изјавија дека сега чувствуваат етнички Бугари. Бугарија е должна да ги заштити своите права, безбедност и човековото достоинство“, напиша Ковачев на Фејсбук.