Андоновски: Датум за преговори со Брисел е недостижен со Заев на власт

Има и две лоши тенденции, едната е дека Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криење за што се разговара и никој нема да се врати чекор назад и второ, настанот ја покажа анемичноста на македонската дипломатија, вели Андоновски.

344

Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на телевизија Телма во емисијата „Топ тема“ коментирајќи ја одлуката да не се определи датум за старт на преговори за Македонија и ЕУ само ги потврдуваат ставовите на партијата дека тоа е резултат на политиката на Зоран Заев.

– Денес се случи она за што три години предупредуваме, а тоа е дека датумот е недостижен додека е Заев на власт. Има и две лоши тенденции, едната е дека Заев коленичел во Софија, што значи дебатата до септември ќе биде со криење за што се разговара и никој нема да се врати чекор назад и второ, настанот ја покажа анемичноста на македонската дипломатија. Македонија денес требаше да има претставници во европските метрополи. На пример за Албанија е кажано да видиме како ќе се развива ситуацијата, тоа е одработено од страна на Албанија, но не е ништо одработено од надлежните во Македонија – рече Андоновски.






Говорејќи за промена на изборен модел, Андоновски рече дека став на партијата е дека мнозинскиот изборен модел би дал добри резултати на директност на избирањето, ако тоа е целта што треба да се постигне.

– Промена на изборен модел на три месеци пред избори не е соодветно, посебно кога не се знае што се сака ниту со отворените листи, односно кој модел на отворени листи го сакаме во Европа има десетици видови – рече Андоновски.

Тој укажа дека партијата се залага за избори во еден изборен круг и оти треба заедно да се отворат темите и за отворени листи и градоначалник во еден круг.

За темата за соработка и коалиции, Андоновски рече дека, ВМРО-ДПМНЕ е отворена за соработка со сите.

– Слоганот „Македонија за сите луѓе“ најдобро го кажува тоа како ВМРО-ДПМНЕ ја гледа Македонија. Ние не ја гледаме државата како држава на две пруги, на една оние од власта, другата за сите други, а тука се буквално сите. Ние не го менуваме концептот за македонско национално единство и сакаме да ја извадиме Македонија од двостепеност или на пример за некој има вакцини за некој не – рече Андоновски.

Поврзани содржини