Андоновски: Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе преговара за македонскиот јазик и историја?

Пред три месеци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја. Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини. Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка. А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ , вели Андоновски.

672

Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста. Од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската влада. Заев, Димитров и Османи знаат, но се кријат од јавноста, рече Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.

– Срамно е да дознаваме од Бугарија дека Владата во ек на празници се уште преговара со Бугарија за нови отворени прашања. Вчера, од телевизиско интервју на министер од бугарската Влада се потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет. За овој Анекс предупредувавме пред три месеци. Како што се гледа во видеото дел од барањата за македонската Влада се образовна реформа, ретуширање на историјата, односот кон малцинствата, македонската историја. Срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса. Срамота е во исто време Димитров да ги убедува Македонците дека треба да одморат од спорот со Бугарија, додека Бучковски се подготвува за нова средба и дискусии – рече Андоновски.






Срамота е, додаде Андоновски, реалноста да се крие од граѓаните и да се прави лажен привид дека сите прашања се затворени.

– Јавноста заслужува да знае. Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста? До каде е подготвена Владата да ги прифаќа предизборните барања на Бугарија? Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја? Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања? – праша Андоновски.

– Пред три месеци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обзнани дека постои штетен Анекс на Договорот со Бугарија во кој се погазува македонскиот идентитет, јазик и историја. Тогаш бевме нападнати дека шириме невистини. Очекуваме Заев и треба да се извини што ширеше лажни вести. Димитров очекуваме да си поднесе оставка. А, по падот на оваа власт, ќе следува одговорност за сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ – вели Андоновски.

Поврзани содржини