Андоновска: Граѓаните молат за болнички кревет, здравството е во тотален колапс

297

Венко Филипче и по девет месеци од корона епидемијата покажа дека не е способен да направи ништо. Неговата неспособност резултира со десетици семејства дневно кои се во жалост, вкупната бројка на починати надмина 1.500, рече на прес конференција Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

– Што направи Венко Филипче? Го стави на колена здравствениот систем. Нема болнички кревети и покрај тоа што Венко Филипче вчера изјавува дека има доволно болнички кревети и дека луѓето само малку време чекаат пред да бидат примени во болниците, од друга страна имаме десетици и десетици сведоштва од граѓани кои што ни се јавуваат и кои што пишуваат по социјалните мрежи дека тие лично, или нивните членови на семејството се вратени од болниците, за нив нема место. Што мисли Венко Филипче кога вели дека има места во болниците – рече Андоновска.






Таа Праша што направил Филипче во овие месеци.

– Да можеше да има место во болниците, но овие 9 месеци Венко требаше да работи, а не кога ќе се види со неговиот ментор Заев наместо да зборуваат со здравството и да го реорганизираат тие зборуваат за своите лични бизниси, за тендерите кои што ги водат. Да можеше да има ако Венко и Заев работеа. Болниците се преполни. Се моли на секоја врата за болнички кревет, се моли кај роднини, пријатели, комшии. И не само тоа.  Филипче ги остави граѓаните да чекаат и да смрзнуваат во лоша здравствена состојба по ходиниците, ги остави да молат за кислород за болниот, и  не само што молат, туку и ако се најде кислород за истиот се чека и по неколку часа. Соодветна терапија за сите е мисловна именка – рече Андоновска.

Според неа,  Филипче наместо да го подготвува системот се фрлил на тендери, грижа за своите интереси и интересите на Заев и неговите блиски.  Таа бара Филипче да го замени микрофонот со стетоскоп. Само тоа треба да го направи да облече бел мантил и да земе стетоскоп.

 

 

Поврзани содржини