ЈАНЧЕВА ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА Очекува сторителите да бидат откриени и казнети

Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот, рече таа.

1,234

Љубица Јанчева, претседателка на Советот на Град Скопје и на ОО СДСМ Аеродром, денеска изјави дека го пријавила во полиција блокирањето на нејзиниот автомобил со пур пена што се случило ноќеска.

– Доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живеам, оштетен е мојот автомобил. Случајот е пријавен во полиција и очекувам брзо откривање на сторителите на овој подмолен напад врз мене и мојот имот. Ова почитувани, е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, партија која не е поместена од режимската матрица на насилство, закани и притисоци. Нема таму никаква промена, ова се истите методи од најцрното време на режимот. Но ова истовремено го покажува очајот, немоќта и фрустрациите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски – рече таа.

Јанчева нагласи дека таквото насилничко однесување нема да помине.

– Нема да ме уплашат ниту мене, ниту кој било кој е на страната на демократските вредности, на страната на прогресивните сили. Времето на закани, насилство и притисоци врз политички неистомисленици заврши со падот на режимот и тоа време нема да се врати. Денес е време на одговорност и неселективно владеење на правото, лицата кои го сториле овој подмолен чин ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани – нагласи Јанчева.

Поврзани содржини