ЈАНЧЕВ ВО РАЗГОВОР СО ТРГОВЦИТЕ Кавадарци мол ќе привлече посетители од регионот

493

Градоначалникот Митко Јанчев кој е кандидат за втор мандат и носителот на советничката листа од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, д-р Стојанчо Рамов, денеска имаа бројни посети меѓу кои и на новиот зелен пазар кој функционира додека трае изградбата на Зелен пазар во центарот на градот.

Тие го презентираа проектот по кој се гради Зелен пазар, кој ќе донесе подобри услови како за пазарџиите така и за останатите граѓани.

Јанчев и носителот на листа остварија средба и со дел од архитектите и градежните инженери од Општина Кавадарци, по што следуваше средба со трговците од Општина Кавадарци.

– Таму акцентот го ставивме на изградбата на Трговскиот центар – Кавадарци мол. Со изградбата на овој трговски центар ќе се привлечат посетители од целиот регион, а Кавадарци се искачува ниво повисоко во поглед на развојот на економијата – вели Јанчев.

– Денес имавме средба со ЖКК Трокал. Општина Кавадрци и до сега даваше поддршка на сите спортски клубови, ќе продолжиме и во наредниот мандат. Кавадарци е спортски град кој допрва ќе постигнува големи успеси во сите спортови, а младите се нашата иднина. Кавадарци за сите спортисти – порача кавадаречкиот градоначалник.

Поврзани содржини