ЈАНЧЕВ ПОБАРА ДОВЕРБА ОД КАВАДАРЧАНИ Втор мандат ќе значи реализација на уште една визија, континуитет на отпочнатите проекти
Актуелниот градоначалнбик на Кавадарци вели дека вториот мандат и кандидaтура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на тенденцијата за развој на општина Кавадарци, како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, и ефикасно управување.
Изминатите четири години со напорна работа и целосна посветеност кон развојот на нашата општина, успеавме Kавадарци да биде најуспешна општина, Кавадарци да биде на прво место.Сите реализирани проекти и проектите кои се во тек на реализација сведочат за едно безбедно, модерно, урбанизирано и убаво Кавадарци, изјави во обраќањето до граѓаните Митко Јанчев актуелен градоначалник на Кавадарци и кандидат за втор мандат од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Тој вели дека довербата од граѓаните му влева сила и ентузијам.
– Вториот мандат и кандидaтура од ВМРО-ДПМНЕ ќе значи продолжување на тенденцијата за развој на општина Кавадарци, како атрактивно место за живеење, стекнување на образование, развој на претприемништвото, и ефикасно управување. Уште еден мандат ќе значи реализација на уште една визија, континуитет на отпочнатите проекти и имплементација на нови идеи – рече Јанчев.
Тој се заблагодари на граѓаните и на матичната партија за укажаната доверба.
ВМРО-ДПМНЕ денеска ги објави кандидатите на нивната коалиција за уште десет општини, односно за Ресен, Крушево, Делчево, Василево, Дебарца, Ново Село, Ранковце, Зрновци, Кратово…