📷 ЈАНЧЕВ Е СПРЕМЕН ДА ВЛЕЗЕ ВО ОГАН Градоначалникот на Кавадарци на подарок доби лична противпожарна опрема

Градоначалникот Митко Јанчев го честита денот и посака што помалку работа за пожарникарите, кои ги нарече херои, учествуваат во интервенции во земјава и странство.

2,006

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска доби плакета за најдобар пожарникар како благодарност од кавадаречките пожарникари за неговите заложби и логистика при решавање на проблеми од областа на противпожарната заштита.

Тој доби и лична противпожарна опрема, па како што беше кажано на настанот за одбележување на денот на пожарникарите, се очекува во иднина и самиот и практично, доброволно  да учествува во противпожарни акции на терен.






Иако како што беше подвлечено, најдобро е да нема пожари и противпожарни интервенции, да биде мирно и работата на пожарникарите да се сведе на постојано вежбање, со цел да се даде максимумот од можностите при противпожарни акции.

Јанчев го честита денот и посака што помалку работа за пожарникарите, кои ги нарече херои, учествуваат во интервенции во земјава и странство.

– Секогаш ќе даваме големо значење на пожарникарството, бидејќи секој заслужува да биде заштитен – подвлече Јанчев.

Јанчев и командирот на територијалната противпожарна единица, Александар Чадамов, се осврнаа и на соработката со сите други надлежни субјекти, со кои заеднички се справуваат со проблемите во противпожарната заштита.

Беше одржана парада на противпожарни возила, а изложена е и противпожарната опрема.

Поврзани содржини