Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев изјави дека фабриката „Дрекслмајер“ нема да се затвора и од август се враќа на работа во полн капацитет, истакнувајќи дека „Дрекслмајер“ е сериозна компанија на национално ниво, објави КТВ.
Неговата реакција се однесува на изјавата на носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четвртата изборна единица, Александар Николоски на партиски собир во Криволак декаа „СДСМ ги затвора фабриките, а сега ја затвора и „Дрекслмајер“.
Јанчев апелираше до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања.