АНЧЕЛОТИ СЕ ЗБОГУВА СО РЕАЛ МАДРИД Неговите зборови го расплакаа и Перез

Ова беше приказна што никогаш нема да ја заборавам. Секој ден минат во овој клуб ми останува во срцето. Хала Мадрид и ништо друго. Ве сакам со сè што имам. Довидување – беа емотивните зборови со кои Дон Карло се прости од Реал Мадрид.

382

Карло Анчелоти денес официјално се прости од Реал Мадрид, ставајќи крај на својот втор мандат како тренер на „Кралевите“. По 4 успешни години, во кои освои сè што можеше, 66-годишниот стратег заминува од „Сантијаго Бернабеу“ за да ја преземе селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Бразил.

Збогувањето се случи по победата над Реал Сосиедад со 2:0, по која Анчелоти зеде микрофон и емотивно им се обрати на присутните навивачи на стадионот.






– Не е лесно да се зборува вечерва – рече тој.

Анчелоти додаде дека му била голема чест да го води клубот и упати благодарност до претседателот Флорентино Перез и до сите кои биле дел од неговото патување.

– Ова е незаборавна приказна. Не можам да заборавам ниеден ден што го поминав тука. Хала Мадрид и ништо повеќе. Те сакам од сè срце. Збогум – беа последните зборови на Дон Карло како тренер на Реал.

Емотивниот момент ги трогна и најтврдите фигури на клубот – дури и претседателот Флорентино Перез беше забележан како плаче, исто како и Лука Модриќ, кој исто така се збогуваше.

Анчелоти во својот втор престој во Реал освои два трофеја во Ла Лига, 2 Лиги на шампиони, 2 Суперкупа на УЕФА, 2 шпански Суперкупа, 2 Светски првенства за клубови и еден Куп на кралот. Во првиот мандат (2013–2015) додаде уште еден Куп на Кралот, Суперкуп на УЕФА, Лига на шампиони и ФИФА клупско првенство.

Поврзани содржини